17.9 C
Ohrid
вторник, јули 27, 2021
Почетна Македонија Не успеа да е добиe битката: Џорлев веќе подолго време се лекувал...

Не успеа да е добиe битката: Џорлев веќе подолго време се лекувал од Ковид-19

Translate (Eng):[gtranslate]

Почина Зоран Џорлев (53), еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач, и професор. Џорлев, според негови блиски, веќе некое време се лекувал од корона, но, за жал, неговиот организам не успеал да се избори со болеста.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче. Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.[2]

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година,

РЕКЛАМА

 

- Реклами -