13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветТрагедија -Осум млади луѓе се задушиле со плин на новогодишната ноќ во...

Трагедија -Осум млади луѓе се задушиле со плин на новогодишната ноќ во близина на местото Посушје, БиХ .

Вистина е. Осум млади луѓе загинаа”, потврди Министерството за внатрешни работи на округот Западна Херцеговина. Полицијата добила повик во 22 часот.

Невидена несреќа се случила во куќа во близина на езерото Трибистово, каде осум млади луѓе од местата Ракитно и Посушје ја чекале Новата година.

Медиумите наведуваат дека тие биле средношколци од четврт клас и студенти. Дневни аваз дознава дека загинале четири момчиња и четири девојчиња.

Полицијата, обвинител и другите служби се на терен, спроведуваат истрага и ги утврдуваат причините за несреќата.

Според неофицијални наводи, младите најверојатно биле задушени од гас од генераторот што ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Градоначалникот на Посушје Анте Бегиќ изрази сочувство до семејствата на жртвите.

“По повод трагедијата во која синоќа во Посушје згаснаа осум млади животи, изразуваме најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Исто така, ги замолуваме сите сопственици на ресторани да престанат да работат во знак на почит кон жртвите”, се вели на веб-страницата на општината.

Извор Канал5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...