17.9 C
Ohrid
вторник, јули 27, 2021
Почетна Македонија Тројцата браќа кои застрелаа полициски службеник кај гробиштата во Велес осудени по...

Тројцата браќа кои застрелаа полициски службеник кај гробиштата во Велес осудени по 7 годишна затворска казна, или вкупно 21 година

Translate (Eng):[gtranslate]

Тројцата браќа кои застрелаа полицаец кај велешките гробишта се осудени на вкупно 21 година и шест месеци затворска казна. Станува збор за Јохан (32), Орхан (30) и Мустафа (29) од Велес.

Полицаецот Ердинч Мемедалиев доби три куршуми во пределот на абдоменот, откако му беше одземен пиштолот, а заедно со неговата колешка претходно дошол на повик од граѓани кои биле ограбувани од браќата пред гробиштата кај црквата „Св.Спас“. Полицаецот го преживеа нападот.

Јохан, кој го застрела Мемедалиев, доби казна од седум и пол години, додека Орхан и Мустафа, кои ја држеле полицајката да не моќе да му помогне на колегата, по седум години. Пресудата не е правосилна.

РЕКЛАМА

Настанот се случи на 2 февруари, а полицајците реагирале во цивилна облека. Осудените од посетителите на гробиштата одземале пари, мобилни телефони, чанти, накит и обетки.

Обвинителката рече дека строгата казна е како резултат на се позачестените брутрални напади над полицајци во последно време.

- Реклами -