7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаНиз солзи Струмичанка раскажува: Изгоре мојот дуќан во Глобал во него имав...

Низ солзи Струмичанка раскажува: Изгоре мојот дуќан во Глобал во него имав роба над 20.000 евра !!!!!

spot_imgspot_img

Вечерва по 23:00 часот избувна голем пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

Големиот пожар зафати четири продавници на приземјето и се прошири кон првиот кат, а пожарникарите со големи напори успееја да го стават под контрола и засега не дозволуваат да се прошири на другите продавници.

ВО ЖИВО: Пожарот во Глобал се шири од продавницата Џо-Го, објави ТВ Вис

Според очевидци, пожарот избувнал по 23:00 часот и веднаш се проширил.

-Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра, рече сопственик на бутик.

На местото на пожарот има голем број граѓани, а повеќе полициски возила го обезбедуваат просторот околу ТЦ „Глобал“, како и возила на првата помош.

Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета. /миа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...