-3.5 C
Ohrid
петок, јануари 15, 2021
Почетна Македонија Кога губиш во ред се апаратите, a кога добиваш системска грешка: Охриѓанецот...

Кога губиш во ред се апаратите, a кога добиваш системска грешка: Охриѓанецот не се откажува од својата добивка вредна 34 милиони евра !!

Translate (Eng):[gtranslate]

На ден 31.12.2020 година во 21 часот , по издадена наредба на Јавен Обвинител припадници на криминалистичката полиција и испектори од одделот за компјутерски криминал при МВР упаднле во фирмата Спорт Лајф во Охрид.

Каkо што дознава ДоказМ одземени се апарати за игри на среќа во сопственост на Спорт Лајф ДОО Скопје, видео надзорот од казиното, а се барале и додатни сервери ,за кои полицијата имала сознание дека постојат во објектот.

Исто така се повикувале и вработените да дадат искази во ЈО Охрид за работа на казиното и фирмата Спорт Лајф ДОО Скопје.

РЕКЛАМА

Како што дознаваме истрагата која ја води ЈО Охрид е под будно око на државното јавно обвинителство, и одземањето на апаратите , видео надзорите и серверите од казината на Спорт Лајф, следуваат од како две лица од Охрид во пеиод од 7 дена имат две поголеми добивки, првата од над 7 милиони евра, а втората од 34 милиони евра , кој добивки Спорт Лајф одбива да ги исплати?!

ДоказМ го контактираше добитникот на 34 милиони евра со иницијали С.Д кој на прашањето дали ќе оди до крај да ја бара добивката и дали се работи за некоја системска грешка во кладилниците, одговори: -„ Постои само системска глупост на приредувачот на игри на среќа Спорт Лајф, посебно кога има добивки , кој не сакаат да ги исплаќаат. Не е прв пат вака да се однесуваат, случајот е пријавен во МВР и Јавното обвинителство.Моите адвокати веќе преземаат соодветни правни дејствија и сигурен сум дека ќе одам до крај, колку и да некому му звучи лудо ,ова нема да остане неразрешено.Знаете кога губите пари на истите тие апарати , тогаш нема грешка, кога добивате , тогаш таа е системска грешка…

 

Доказ.мк

- Реклами -