14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаДокторот кој беше осуден во САД си дојде во Македонија и си...

Докторот кој беше осуден во САД си дојде во Македонија и си отвори психијатриска ординација во Скопје.

Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на Македонија, Никола Кљусев, инаку порано осуден на 2 години и два месеци затвор за нелегално издавање лекови на пациенти во САД, се вратил во Македонија и отворил психијатриска ординација во Скопје.

„Независен“ известува дека во центарот на Скопје има голема табла преку која се рекламира неговата ординација.

Психијатарот беше прогласен за виновен во процесот кој траеше 1,5 години, откако беше уапсен на 12 ноември 2015 година за нелегално препишување лекови на пациенти и фиктивно фактурирање здравствено осигурување.

Тој беше задолжен да плати и парична казна од 17.500 долари, а морал и да се откаже од имотот каде се наоѓала неговата ординација. Запленети му биле 173.000 долари кои билепронајдени во неговата канцеларија на денот на неговото апсење.

Истражните органи му конфискуваа 117.000 долари од неговата сметка, а судијата му нареди на Кљусев на две осигурителни компании да им плати вкупен надомест од 31.000 долари.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...