10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не е фер да има предвремени избори, со тоа ќе ги...

Заев: Не е фер да има предвремени избори, со тоа ќе ги разочараме тие што ни ја дадоа довербата.

(МИА) – Нема предвремени избори и нема да има неосновано изнудување на оставка на Владата. Нема ниту потреба, ниту логика за оставки. Таквата постапка би била изневерување на сите што дадоа поддршка за европската агенда на земјата. Владата е стабилна, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.

Заев говорејќи за можност за предвремени парламентарни избори, кои ги бара опозицијата, по бугарското вето, но и за работата на Парламентот во ситуација, кога и власта и опозицијата излегуваат со тврдења дека го зголемуваат бројот на пратениците, нагласи дека е почнат процесот на европеизација на земјава и спроведување на реформска агенда до конечно членство во ЕУ. Додава дека тоа е стратешка цел Владата, одобрена од мнозинството граѓани на последните избори.

-Довербата на мнозинството граѓани кои ја дадоа на политиките на оваа влада беше заради одлучната намера да ги решава сите прашања, вклучително и ова тешкото со Бугарија. Мицкоски нека си погледне во сопствениот двор на белиот дворец, нека размисли и гласно нека си одговори себеси, кој е тој што вообичаено и логично треба да поднесе оставка после толку изборни порази, порача Заев.

Во врска со последната анкета на МЦМС, во која поддршката за СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во рамки на статистичка грешка, 18,6 проценти од испитаниците се изјасниле за владејачката, а 18,1 процент за опозициската партија, Заев вели дека полето за политички натпревар на идеи и концепти е отворено.

Тој потенцира дека граѓаните во неколку различни изборни циклуси покажале по кој пат треба да оди земјата.

-Во Штип на локалните избори нашиот кандидат го зголеми бројот на освоени гласови во споредба со парламентарните, без разлика на бојкотот на ДПМНЕ. Најрелевантна анкета е таа што се спроведува на изборите. Во последните три години на три избори победува политичката понуда на СДСМ и на коалицијата, нагласи за Заев во интервјуто за МИА, кое наскоро ќе биде објавено во целост.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...