3.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаКостадинов- Оваа е година на можности - само од Канабисот е можен...

Костадинов- Оваа е година на можности – само од Канабисот е можен прилив од 250 милиони евра

СДСМ очекува 2021 година да биде година на можности, на нови економски потенцијали, меѓу кои е и канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот, од која е можен прилив од околу 250 милиони евра, изјави на прес-конференција портаролот на партијата Костадин Костадинов. Тој рече дека се размислува за одредени законски решенија со кои „кеш-парите“ ќе се стават во функција на економскиот развој.

„Со стратегиската Акција 21- европските стандарди ги носиме дома и преку нови мерки, економски политики за целосно искористување на сите економски потенцијали. Земјоделството има голем потенцијал за државата и ако го ставиме во функција и земјоделското земјиште ќе се отворат нови можности за инвестирање, за нови работи места, домашна продукција, извозот. Со ова се очекува прилив од 200-300 милиони евра. Во кординација со ЕУ се разгледуваат можностите за одредени погодности за ставање во функција на парите во кеш кои што сега се надвор од системот”, нагласи партискиот портпарол Костадинов.

Тој рече дека се очекува 2021 година да биде година на можности, на нови економски потенцијали, меѓу кои е и канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот.

„Според проценките, годишниот прилив на средства од оваа дејност е предвиден на околу 250 милиони евра”, рече Костадинов.

Според него, Владата успешно се справуваше со предизвиците минатата година со навремено преземени економски и здравствени мерки, кои и натаму се преземаат, а дека со четирите економски пакети вредни над 1,1 милијарда евра им беше пружеба помош на работниците, граѓаните, фирмите и стопанството.

Портпаролот на СДСМ изнесе податок дека преку економската политика Владата им помогна на над 400 илјади граѓани и дека биле спасени над 100 илјади работни места

„Последниот податок од УЈП е охрабрувачки, во декември 2020 година имало за 6 проценти поголема наплата на ДДВ во споредба со декември 2019 година. Ова покажува сериозно заживување на економијата, и тоа во време кога се случуваше вториот најголем пик од коронавирусот кој сега е веќе зад нас. Во 2021 година како држава влегуваме со целосно стабилна финансиска состојба, ликвидна и солвентна”, рече Костадинов.

Тој рече дека и во Македонија по процесот на имунизација на населението ќе се отворат подобри можности за економски напредок.

Превземено од мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...