7.4 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаЗабаваСе јави фамозната Фросе: Ок е да се омажиш на 20-22. Ок...

Се јави фамозната Фросе: Ок е да се омажиш на 20-22. Ок е и на 32 или 42, знаеш што не е ок?

Ок е да си у врска. Ок е и да си сингл. Ок е да влегуваш од една у друга врска. Ок е и да си цела вечност сингл. Ок е да се омажиш или ожениш на 20 – 22. Ок е и на 32, на 42.

Ок е и никогаш да не се омажиш (ожениш). Ок е да си хетеро. Ок е да си геј. Ок е да сакаш да си седиш дома у папучи и да гледаш вести цел еден век со брачниот партнер.

Исто така е ок да го спакуваш ранецот и да патуваш, да откриваш нови светови и никогаш да не останеш на едно место. Ок е со жена ти да идеш да пазариш у КАМ. Ок се и тие што место у КАМ отишле да пијат пиво сами или со друштво на некоја плажа и така цел живот. Ок е да купиш кола каде ќе ги собере вашите 3 – 4 деца и ќе идете на одмор у Пефкохори.

Исто е ок тоа што мене ми е доволен само мојот хамак и зелените дрва покрај некоја река. Ок е да сакаш да раѓаш. Исто така ок е да не сакаш да раѓаш. Ок е да си верник. Ок е да си атеист. Ок е да вариш ракија и да се собирате у двор цела фамилија до трето колено ако тоа ви дава чувство на припадност. Ок е да одиш по слави, свадби, крштевки и остали такви средби ако тоа прави да се чувствуваш посигурно во таквата заедница.

Исто така е ок и да мразиш свадби, крштевки и слични дешавки, не затоа што не ги сакаш тие луѓе, туку затоа што едноставно не ги сакаш таквите церемонии и не уживаш во такви настани затоа што ти немаат поента. И никој нема право да те нарече чуден или ненормален. Ок е место да јадеш прасе на некоја слава и да ти тропа тапан на уво, да останеш дома и по кој знае кој пат да си го изгледаш Амадеус.

Ок е да живееш во рамките. Ок е да живееш и надвор од нив. За ова второво треба храброст. Затоа повеќето се како првите, но ок е и тоа. Ок е да работиш од 8ч до 16ч и за викенд да идеш у Паралиа. Ок е да работиш трета смена и викенд да ти се понеделник и вторник и да заминеш на викенд у работен ден и тоа не на море, туку на планина. Ок е да се омажиш и да родиш. Ок е да родиш и да не се омажиш.

Знаете само што НЕ е ок? Тоа да се мешате во туѓите животи. Не е ок да мислите дека секој треба да живее така како што вие сметате дека е исправно и дека освен вашиот начин на живеење не постои ни еден друг исправен начин. Не е ок да мислите дека тие што не живеат како вас се загреота. Не е ок да мислите дека ако некој не живее по оние норми кои ги наметнува мнозинството, е помалку вреден. Напротив. Секое издвојување од толпата значи храброст и силен карактер.

Секое издвојување од толпата значи да стоиш сам наспроти сите. Слабите се држат заедно. Јаките стојат сами и им пркосат на предрасудите. Затоа толпата ги мрази индивидуалците. Затоа што индивидуалецот ја потсеќа на толпата дека секој поединец во неа е слаб, па затоа се собрале заедно. Затоа некој ко ќе ти каже дека не си како другите, колку и да сака да те навреди со тоа, само заблагодарете му се на комплиментот.

Фејсбук статус на Фросина Ѓорѓиовска

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...