11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаТимотеј: Коледарчињата да си останат дома годинава!

Тимотеј: Коледарчињата да си останат дома годинава!

Коледарчињата треба да си останат дома оваа година поради опасноста од ширење на коронавирусот, изјави за Плусинфо митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј.

– Во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божик сакам да им порачам на коледарчињата да си останат во своите домови и оваа година да ја прескокнат традицијата. Такво е времето, мора да се штитиме од коронавирусот. Исто така, литургијата за Божик ќе се служи со голема претпазливост и со почитување на мерките за заштита од пандемијата. Во храмовите ќе се запазува дистанцата, а сите присутни ќе носат заштитни маски на лицата – изјави г. Тимотеј.

Во Куманово веќе е откажана традиционалната прослава на Бадник која секоја година е во организација на здружението на граѓани „Коледари“.

„Поради ситуацијата со ковид-19, известуваме дека оваа година нема да се организира традиционална прослава на Бадник, поради почитување на мерките и препораките од надлежните. Нека ви е среќен празникот“, стои во соопштението од здружението.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...