9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Состојбата се подобрува, но олабавување на мерките нема да има

Филипче: Состојбата се подобрува, но олабавување на мерките нема да има

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување во Дневникот на Канал 5 телевизија најави дека вакцини ќе има во февруари, додека во март треба да стигнат уште 17 550 и најмалку уште толку во април. Се чека датум кога ќе стигнат и 833-те илјади дози преку Ковакс-механизмот, а покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени за нејзините граѓани, преку третиот – солидарен механизам на земјите од ЕУ кои отстапуваат вакцини за земјите кои се надвор од Унијата.

 

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека ќе има разговор со австрискиот министер за здравство за тоа кога и колку вакцини би можело да ни отстапи Австрија. Во гостување во Дневникот на ТВ Канал5, Филипче рече дека први ќе се вакцинираат здравствените работници, повозрасните лица и хроничните болни, а потоа сите граѓани и дека вакцината за сите ќе биде бесплатна. За да се надминат сомнежите кон вакцините, рече, се планира сериозна кампања преку националните медиуми и со нивна поддршка верува дека ќе се подигне јавната свест, а дека и СЗО размислува за некој вид сертификат за примена вакцина.

Ситуацијата со заразата во земјава се подобрува, но се уште е рано, рече министерот, дека таа дефинитивно спласнува. Трендот на помалку заразени се должи на почитување на мерките за што придонеле самите граѓани – затворените угостителски објекти, носењето заштитни маски и избеганатите големи собири.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...