6.8 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаГраѓаните кои поради ковид изгубиле член на семејството се исто така меѓу...

Граѓаните кои поради ковид изгубиле член на семејството се исто така меѓу приоритетните за имунизацијата

Ќе водиме исклучиво јавна кампања за да ја подигнеме свесноста за вакцинацијата заради тоа што само на тој начин побрзо ќе ја истераме пандемијата од нашата земја. Ќе бидам личен пример и ќе ја примам вакцината против Ковид-19, откако ќе бидат запазени сите протоколарни активности и препораки, порача денеска премиерот Зоран Заев.

 

Вакцинирањето на граѓаните, како што рече во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата, ќе биде платено од страна на Буџетот, еден дел од регуларните средства во Фондот кои се исплаќаат кон сите здравствени институции, а еден дел се грантови и донација како што се фрижидерите кои ги очекуваме. Очекувам, додаде тој, вакцинацијата веднаш да почне откако ќе стигнат првите количини и по протокол да бидат вакцинирани сите онака како што треба.

Сега за сега се најсигурни нешто под шест илјади вакцини од „Фајзер“, а додека тие се имплементираат и се користат веќе ќе стигаат вторите, па третите пакети. Очекуваме регуларна и регулирана постапка на испораки – прва, втора, трета, четврта испорака затоа што ако стигнат само 5.800 тогаш тоа не стига ниту за сите здравствени работници кои што директно работат на Ковид кои се 7.700 вкупно, што ги наградивме по сите здравствени институции во државата. Вкупно имаме преку 24.000 здравствени работници во државата, а каде се хронично болните граѓани, пензионерите, граѓаните кои изгубиле член од семејството од Ковид, кои треба да бидат во приоритетните групи за вакцинација, потенцира Заев.

Очекувам, посочи премиерот, овие денови да ја видиме и солидарноста на Европската Унија заради тоа што, како што рече, тоа е еден од најизвесните начини уште во јануари да ја добиеме вакцината, нагласувајќи дека секој ден порано е добредојден.

Првите испораки на вакцини во земјите-членки на ЕУ веќе стигнаа и некаде се по 10, 15, 7 или 20 илјади во зависност од големината на земјите. Тие стартуваат со давање на вакцината на граѓаните и додека трае процесот ќе стигнат и вторите испораки, а се уште првите не се испорачани. Ние затоа баравме барем пет проценти од целото тоа што го имаат земјите членки да го споделат со Западен Балкан и да може непречено да продолжи вакцинацијата кај нив и да им стигне и втората испорака, а при тоа да имаат солидарност со земјите од Западен Балкан, појасни Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...