14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа 12.489.356 евра ќе се моденизираат патарините во Македонија на Коридорот 8.

За 12.489.356 евра ќе се моденизираат патарините во Македонија на Коридорот 8.

Конзорциумот „ЈВ Аселсан-Жикол“ е избран за најповолен понудувач на тендерот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за спроведување на проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип. Договорот, како што информираа за МИА од ЈПДП, треба да стартува од 1-ви следниот месец.

– Постапката заврши. Избран е најповолен понудувач, а тоа е „ЈВ Аселсан-Жикол“ конзорциум. Вредноста на договорот ќе изнесува 12.489.356 евра. Датум на ефективност на Договорот е 01.02.2021 година, односно ова е и датум на отпочнување на градежните работи – изјавија од ЈПДП.

Тендерот беше распишан на крајот на септември лани. „ЈВ Аселсан-Жикол“ е избрана од трите компании кои влегоа во втората фаза на тендерот од вкупно петте што доставија апликации во првата фаза.

Како што беше претходно објавено, проектот опфаќа, модернизација со електронски систем на наплатните станици Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на Коридорот 8 и изградба на нови наплатни станици на автопатот во изградба Кичево-Охрид и на Миладиновци-Штип.

Турски „Аселсан“ го постави и електронскиот систем за наплата на патарини на Коридорот 10, што беше воведен во јули 2019 година.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...