19.9 C
Ohrid
понеделник, септември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаГосподин Господин Стефан: Најстрашната пандемија е тоа што луѓето заборавија да Го...

Господин Господин Стефан: Најстрашната пандемија е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога

Состојбата која целиот свет ја преживува, со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат луѓето. Возљубени Христољупци, покајанието и поправањето се најдобриот лек против сите болести на телото и на душата. Годината пред нас нека биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, нека биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест.

Ова го истакнува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во божикното обраќање по повод претстојниот празник Рождество Христово – Божик.

На овој спасоносен ден, Ветениот Месија, за Кого пророците пророкувале и праведниците Го очекувале, Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се родил во времето, слегол од небото на земјата придружен со песни на ангелите, дочекан од пастирите и даруван од мудреците. Денес Господ, заради нас луѓето, се понижил и го зел нашето тело, за да нè ослободи од ропството на гревот и смртта, за да ни дарува живот во вистината и радост која никој не може да ни ја одземе. Божјото човекољубие е причината што денес ликува сета вселена – славејќи го помирувањето меѓу Бога и човекот.

А Синот Божји, доаѓајќи во човечко тело, како Богочовек, потврди дека Бог ги љуби светот и човекот. Зашто каде е љубовта, таму е и самиот Бог – оти Бог е љубов. Нашево, пак, време, е време кога особено се испитува нашата вера. Животот постанува сѐ потежок и понеизвесен. Во светот секојдневно има сѐ повеќе човечки трагедии и страдања; сè повеќе царуваат самољубието, бесчувствителноста, жестокоста, лицемерието, зависта, горделивоста, а љубовта сѐ повеќе е заменета со омраза и доброто со зло! Тоа е така зашто сѐ помалку Го имаме Христа во животот, а и на другите не им го правиме она што сакаме нам да ни го прават. Заборавивме дека без Него, не ќе можеме да правиме ништо, додаде Архиепископот Охридски и Македонски Стефан.

На сиот наш народ, овде во Татковината и насекаде по светот, им ги честитаме божикните празнувања, поздравувајќи ги со серадосниот поздрав: Христос се роди! Честито и благословено Новото Лето Господово!, стои во божикното обраќање на г.г. Стефан.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...