11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаИ Американците имаат свој Крсто Мукоски: Демонстранти влегоа во Конгресот на САД

И Американците имаат свој Крсто Мукоски: Демонстранти влегоа во Конгресот на САД

Демонстранти влегоа во зградата на американскиот Конгрес, каде беше започнат процесот за потврдување на победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Демонстрантите ги урнаа металните барикади кои се наоѓаат на крајот од Кпитол Хил, каде заседава Конгрсот кој треба да ги потврди изборните резултати. Голем дел од нив стигнаа до влезот на зградата. Според американскиот Си-Ен-Ен, некои демонстранти влегле во зградата. Ваква слична ситуација се случуваше и во Македонија на 27 Април, кога вратите на собранието беа отворени од Крсто Мукоски, но да се вратиме на темата…..

Потврдата на изборните резултати беше паузирана, а градоначалничката на Вашингтон нареди започнување на полициски час од 18 часот.

Потпретседателот Мајк Пенс ги напуштил просториите, како што објави Ројтерс.

АП наведува дека во тек е евакуација на одредени канцеларии на Конгресот поради „полициски активности“, додека надвор илјадници луѓе протестираат поради изборните гласови.

Конгресот, последен чекор пред влезот на Бајден во Белата куќа
Американскиот Конгрес претходно го почна процесот со кој ќе ја потврди победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Се очекува процесот да биде потенцијално оспорен и долготраен поради претходно најавените приговори на републиканците кои го поддржуваат претседателот Доналд Трамп.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...