13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЏеват Исеини: Државен јазик во нашата татковина е македонскиот, а никој до...

Џеват Исеини: Државен јазик во нашата татковина е македонскиот, а никој до сега не ми забранил да зборувам или да пишувам на албански јазик

Интересна објава се појави на фејсбук од човек кој е етнички Албанец, но кој упатува многу прецизна порака до неговите сограѓани Албанци кои живеат во оваа држава.

Станува збор за Џеват Исеини, кој е член на СДСМ, а кој своевремено беше претседател на Одборот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, но потоа беше разрешен заради спорна фотографија која ја објави на својот профил.

„Би сакал да се обратам јавно без некој да се навреди, да се почувствува понижен или омаловажен…Правото е лично мое како Јас ќе настапувам со моите објави, на кој начин ќе ги пишувам и во кој стил.

Мојот стил е државен од мојата држава. Многу често стигнуваат скриени критики во мојот месинџер дека не сум ја почитувал двојазичноста. Овде малку да ги разјасниме јавно некои работи….. Никој не ми го скратил правото да пишувам на албански но ни на македонски. Македонскиот ми е државен јазик каде и секогаш го почитувам и ќе го почитувам јазикот на државата, а Албанскиот ми е мајчин каде никој никогаш ниту ми го скратил правото да го зборувам, да го пишувам или користам. Мојот круг во мојата држава е многу голем каде сакам и моите сограѓани на мојата држава точно да разберат што пишувам и што објавувам, а убеден сум во тоа дека поголемиот дел на Албанците кои живеат во нашата држава добро го владеат македонскиот јазик, го читаат а и го пишуваат, а зошто се прават скриени патриоти во позадина демек им пречи мојата објава кога во секојдневието каде ги користи сите повластици на државата, плата, пензија, социјална помош тогаш добро го познаваат државниот јазик.

Со векови се манипулира со јазик односно двојазичност, знамиња, протести, политичка пропаганда, а всушност тоа е по секоја цена како да се манипулира со слабоста на обичниот граѓанин во нашата држава или добро кажано народно…. Раздели па владеј.

Во нашата држава сакаме да живееме слободни, без предрасуди, без политички притисоци и поделби. Во секоја државна институција, во јарболите кои се поставени е поставен државниот симбол ЗНАМЕ. На секој празник од држава каде мнозинството се во нашата држава се дозволува да се постави и нивниот симбол. Но никогаш не би можел да се симне од јарболите Знамето на нашата држава. Нашата држава е толерантна, големодушна и премногу достоинствена да може да ги поднесе разните култури и обичаи. Овие толеранции ги има само кај нас. Затоа… Ве молам почитувајте го и чувај те го суверенитетот, интегритетот за соживот во нашата татковина.

Се ова е на нашите предци, на нас сегашниве, на идните генерации, на идните поколенија, современа и културна држава за сите граѓани што живеат во неа.

А дали на некого ќе му се допаѓа мојата објава дали е на македонски или не тоа е негово право“, напиша Исеини на фејсбук.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....