9.9 C
Ohrid
недела, декември 3, 2023
ПочетнаМакедонијаШекеринска: Тоа што го доживеаа Американците вчера ние го доживеавме на 27...

Шекеринска: Тоа што го доживеаа Американците вчера ние го доживеавме на 27 април 2017 година.

Не ми се веруваше додека ги гледав снимките на насилство и хаос од Вашингтон. Како што на 27 април 2017 не ми се веруваше дека тоа е возможно да ни се случи и во нашиот највисок законодавен дом. Се покажа дека демократијата може да биде сериозно загрозена кога политичката моќ е во рацете на луѓе за кои функцијата е поважна од државата и кои стимулираат поделби, омраза и насилство само за да ја задржат, напиша денеска на својот фејсбук профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Кога тоа се случи кај нас, посочува министерката, тоа беше шок, кога се случува во една стара демократија после стотина мирни транзиции на власт, тоа е предупредување: дека непријателите на демократијата не смееме да ги потцениме и дека тие се хранат од поделби, лаги и полувистини, манипулации и огромни дози на стимулирана омраза.

– Ова е лекција за цел свет, потенцира Шекеринска.

Правејќи паралела со настаните од 27 април во македонското Собрание, таа посочува дека полицијата не дозволила ниту еден член на Конгресот да биде нападнат или повреден и оти огромно мнозинство на Републиканската партија јасно се спротиставило на насилството и упадот.

– Актуелниот потпретседател Пенс, и покрај големите притисоци и повици од Трамп, остана цврст и по неколку часа го обезбеди трансферот на власт. Не избега, не одоговлекуваше, не бараше смешни „гаранции”. Ја почитуваше волјата на граѓаните. И не само тоа. И покрај партиската и лична лојалност кон Трамп, на крајот јасно порача: „Вие кои донесовте безредие и насилство во нашиот Капитол, вие не победивте. Насилството никогаш не победува. Слободата победува. Ова се уште е дом на граѓаните. И како што повторно се собравме овде, светот ќе биде уште еднаш сведок на отпорноста и силата на нашата демократија“, нагласува Шекеринска.

Најголем дел од новинарите и аналитичарите во САД, како што вели, воопшто не се колебале да го користат вистинскиот збор „терористи“ за оние кои со насилство сакале да предизвикаат политички пресврт, спротивно на волјата на граѓаните.

– Американската демократија преживеа. Како што преживеа и македонската пред помалку од четири години. Треба да бидеме горди што преживеавме и се опоравивме од траумата. Но, некои луѓе треба се уште да се срамат што дури ни насилството не ги освести и што дури и денес немаат сила ниту доблест да го осудат и да се оградат. Немаше меѓу нив ниту еден Пенс, ниту Буш. Америка само не потсети на тоа!, напиша Шекеринска на крајот на својот статус на Фејсбук.

 

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков...

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странство

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странствоЗ.Н. (32) од Кочани пријавила исчезнување на нејзината 13 годишна ќерка. Според пријавеното,...

Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата...

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа

Македонија започнува со сериско производство на дронови, Инфомакс ексклузивно го дознава името на првиот македонски дрон!Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има...