9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаКривична пријава за славеникот во Струмица- Снимиле видео клипчиња од роденденска забава...

Кривична пријава за славеникот во Струмица- Снимиле видео клипчиња од роденденска забава и ги објавиле на фејсбук

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36)  и Д.К. (44) и двацата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривично  дело ”Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Имено на 05.01.2021, пријавените во домот на првопријавениот во Струмица,  организирале роденденска прослава на првопријавениот, на која присуствувале повеќе лица, при што со таквото дејствие пријавените постапиле спротивно на  Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Од организираната роденденска прослава второпријавениот снимил видео содржини на кои се гледа присуство на повеќе лица и така снимените видео содржини  ги дистрибуирал низ социјалните мрежи.

Од страна на полициски службеници при СВР-Струмица, превземени се мерки за расчистување и документирање на настанот. Обезбедени се објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...