8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНовиот закон стапи на сила: Доколку полицијата се сомнева за неисправноста на...

Новиот закон стапи на сила: Доколку полицијата се сомнева за неисправноста на возилото може да ви ги симне таблиците, а може да останете и без возачка дозвола…

Со измените, се зголемува старосната граница во поглед на важењето на возачката дозвола. Досега возачките важеа до 70-годишна возраст, а отсега натаму до 75 години ќе може да се вози. Новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој полицијата ќе може на сред автопат или на која било друга сообраќајница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај ако се посомнева дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена.

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените измени.

Сите трошоци во ваквите случаи ги носи возачот, се вели во законот.

Тој носи и една друга новина, а тоа е трајно губење на возачката дозвола.

Со цел да се санкционираат возачите, кои почесто се јавуваат во улога на сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот, кои се најчеста причина за сообраќајни незгоди со потешки последици, се предлага изрекување на санкција-престанок на важење на возачка дозвола од категоријата за која им била изречена прекршочната санкција – забрана за управување, ако во период од една година од денот на правосилноста на одлуката сториле друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило, изречена за истата категорија.

Со предложените измени мандатниот платен налог се заменува со прекршочниот платен налог и во таа насока се бришат дел од одредбите кои се однесуваат на регистрирањето негативни бодови.

Законот веќе е стапен во сила.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата?!

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...