11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНово музичко натпреварување: Победниците ќе добијат две авторски песни од извонредни македонски...

Ново музичко натпреварување: Победниците ќе добијат две авторски песни од извонредни македонски автори !!!

Ново музичко натпреварување: Победниците ќе добијат две авторски песни од извонредни македонски автори – еве што треба да направите
Македонски музички таленти – ММТ е Фејсбук страница креирана од извонредни музичари со цел да ги потпомогнат, пред се, младите талентирани музичари да го започнат својот пат кон успехот на македонската сцена.

Секако, како што може да се види од правилникот на Фејсбук страната, не се изоставени од учество и постарите музичари, но, еден од главните услови е истите да не се професионални музичари кои што зад себе имаат авторски песни или се носители на авторски права.

Концептот на Македонски музички таленти – ММТ предвидува две први награди, од кои едната му следува на победникот во делот на народната песна, а другата му следува на оној кој што ќе победи во делот на забавната песна.
Песни од друго говорно подрачје освен македонското нема да бидат прифатени бидејќи натпреварувањето е наменето исклучиво за поддршка на македонската народна и забавна музика.

Доколку сакате да учествувате, посетете ја нивната официјална Фејсбук страница МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ ТАЛЕНТИ – ММТ на начин што ќе кликнете ТУКА и прочитајте ги правилата за учество.    МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ ТАЛЕНТИ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...