6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПо цена од 300 денари Ивермектинот од утре легално ќе се продава...

По цена од 300 денари Ивермектинот од утре легално ќе се продава во аптеките во Македонија.

Ивермектинот од утре легално ќе се продава во аптеките во Македонија. Ќе чини околу 300 денари и ќе се издава само со рецепт од матичен или специјалист. Од МАЛМЕД информираат дека до денеска 5 компании направиле увоз на лекот, а имало барања за дозволи за набавка уште од неколку фирми кои се занимаваат со ова дејност.

-Лекот ќе го има во доволни количини кај нас, ќе биде достапен таму каде што има потреба . Апелирам до граѓаните да не се нафаќаат на лекување на своја рака. Како и да е издавањето на лекот ќе оди на лекарски рецепт . Граѓаните да не прават залихи дома, изјави Лирим Шабани, директор на МАЛМЕД.

Освен во аптеките Ивермектинот ќе се користи и во болниците. Неколку здавствени установи пројавиле интерес да го набават бидејќи веќе е влезен во протоколите за лекување на Ковид пациенти. Лекот освен за третман може да се користи и превентивно, но во консултација со лекар. Сите досегашни студии покажале дека стариот и евтин лек за паразити е безбеден и ефикасен против коронавирусот.

-Сите налагаат на позитивни резултати, на тоа и ние се потпираме и затоа се овие забрзани процедури кои ги правиме за да го обезбедеме лекот, додаде директорот на МАЛМЕД Шабани.

Лекот почнал да се употребува пред повеќе од 3 децении, досега е пропишан на 3.7 милијарди рецепти ширум светот. Достапен е во повеќе форми, но за луѓето е дозволена само орална употреба.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...