9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЈанкуловска: Да не видев на телевизија немаше да знам дека на 27...

Јанкуловска: Да не видев на телевизија немаше да знам дека на 27 април влегле во собрание !!

spot_imgspot_img

ВМРО-ДПМНЕ никогаш формално немала став за протестите што кулминираа со упадот во Собранието, ниту некогаш официјално за тоа разгоаврала на седница на Извршниот комитет, иако дел од членовите индивидуално присуствувале и давале поддршка на протестите.

 

Ова меѓудругото го кажа екс-минстерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешеното сведочење за 27 април, на кое беше спроведена од затворот Идризово, каде што издржува катвроска казна за наванката на блиндираниот мерцедес.

Таа, тогаш рече немала државна фунција а критичниот ден била во партијата, како член на раководството.. Неколку пати таму се сретнала и со Миле Јанакиески, еден од обвинетите во овој предмет, но не насетила дека нешто се поготвува.

“Со Миле неколку пати во текот на денот јадевме и пиевме и разговаравме на теми кои тогаш беа од наш интерес, во партијата ништо не се случуваше невообичаено. Јас во 17 часот си заминав од партијата и отидов дома, подготвив ручек и на телевизија видов што се случува, тогаш една ТВ емитуваше во живо од внатрешноста на Собранието”, сведочеше Гордана Јанкуловска, која тврдеше дека овој ден оставил траги кај сите нив.

Како сведок на одбраната во судницата денеска говореше и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Оцени дека на 27-ми април СДСМ биле физички, а ВМРО-ДПМНЕ политички жртви бидејќи насилството што се случило во Собранието не и одгоарало ниту на партијата, ниту на државата. Тодоров откри дека во тој период имало и разговори за широка коалиција.

„Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалиција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО”, сведочеше Никола Тодоров, кој по рочиштето пред камерите не сакаше многу да зборува на оваа тема.

За обвинителката Вилма Русковска неспорно е дека не постои официјален документ дека ВМРО ДПМНЕ ги поддржало протестите, но тврди дека обвинителството има докази дека обвинетите стојат зад организацијата на упадот во Собранието. На прашање дали препознава сличности помеѓу случувањата во Капитол Хил во САД и во нашиот Прламент, Русковска вели дека неможе да направи паралела иако и оние кои упаднаа таму беа окрактеризирани како домашни терористи како и кај нас.

Меѓу листата 17-те сведоци, денеска беа и Мартин Протуѓер поранешен шеф на кабинет на Никола Груевски како и Даниела Рангелова поранешна пратеничка.

канал5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...