14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Вевчани немаше групирање имаше глупирање, но од МВР сепак ќе ги...

Во Вевчани немаше групирање имаше глупирање, но од МВР сепак ќе ги разгледувале снимките…

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот и ги аналзираат снимките, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.Повторуваат дека интервенцијата на единиците за брзо распоредување се случила бидејќи не се почитувале на мерките за заштита од ширењето на корона вирусот, а имало и групирање на повеќе од четри луѓе.

Вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски во изјава за канал 5 вели дека и покрај апелите оваа година карневалот да не се одржи, дел од василичарите решиле да го одбележат денот и да излезат на улиците. Се се одвивало со нормален тек се додека во центарот на градот не се собрала поголема група на луѓе како публика, кога било уапсено едно лице.

Станува збор за претседателот на ВМРО -ДПМНЕ Вевчани Ѓорги Влајникоски, кој на Фејсбук напиша дека бил приведен без причина.

“Тука се створи една поголема група на луѓе, каде сите носеа маски, но немаше дистанца. Полицијата апелираше да се оддалечат луѓето и да се држи дистанца за да во еден момент не знамшто се случи настана инцидент и беше приведено едно лице, не како што известија медиуит едаек повеќе лица се приведени и после 10 минути истот беше ослободено по наша интервенција. После тоа карневалот продефилира и сите си заминаа,” вели Сашо Јанкоски – Градоначалник на о. Вевчани.

Јанкоски вели дека општината немала моќ оваа година карневалот и традиционалните концерти да ги организира според протоколите за заштита од вирусот.

“Во овој период Вевчани помина низ многу тешка состојба имавме и доста млади животи кои ја изгубија борбата со корона вирусот и не би сакал и после две недели на моја совест да носам нови заболени и не дај Боже смрт,” вели Сашо Јанкоски – Градоначалник на о. Вевчани

Интервенцијата на полицијата и растурањето на карневалот предизвика бројни реакциии во јавноста и обвинувања дека власта има двојни аршини…

Од организацијата на Вевчанскиот карневал се оградија и двете василичарски друштва, Горна и Долна маала.
канал 5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...