13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНајстариот победник во Македонија: Дедо Киро на 98 години го победи коронавирусот....

Најстариот победник во Македонија: Дедо Киро на 98 години го победи коронавирусот. (Видео)

По дваесет дена лекување, инфективната Клиника денеска ја напушти еден од најстарите пациенти досега излечен од Ковид 19 – 98 годишниот Киро Ристов од Демир Капија.
Вели – не било лесно, но е пресреќен што кризата е зад него.
-Добро е заврши. Сега ми е студено надвор. Каде е колата да си одиме, кратко рече Ристов кој е роден 1923-та година.
Неговиот син за Телма изјави дека дедо Ќиро бил примен на Инфективна клиника на 25-ти декември и дека персоналот се грижел за здравјето на стариот од Демир Капија.
По дваесетдневен престој Киро Ристов како најстар победник што ја порази короната во Македонија, си замина за Демир Капија.
Како и сите други пациенти, болницата ја напушти со заштитна маска.
Видео: Телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...