10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласија Вевчанци: Палењето на бугарското знаме не беше злонамерно, тоа не...

Се огласија Вевчанци: Палењето на бугарското знаме не беше злонамерно, тоа не беше оригинално знаме туку беше направено за самиот карневал…

Се огласија Вевчанци во врска со  палењето на бугарското знаме..

Во целост ви го прикажуваме нивното соопштение:

Св.Василија Вевчани е обичај под маски стар над 1400 години. Овој обичај ги надминал и најголемите светски империи. На Св. Василија сите лидери биле исмејувани до крај. Паѓале царства, гореле нивни макети, се палеле знамиња и никој ништо не рекол. Луѓето си биле паметни и сфатиле дека тоа е дел од маската.

Бугарската власт сега, се фатила за запалено бугарско знаме кое е неоригинално т.е споено од посебни платна со цел маската да биде поинтересна. Вевчанскиот василичар научен од долгогодишната традиција за палењето на маските, очигледно не бил свесен за медиумската расипаност што демнее над Вевчани, па несвесно и во пијана состојба го ставил знамето во огнот. Сите знејме дека во Бугарија има избори за 2-3 месеци и дека треба да се креваат рејтинзи.

Реакциите од Министерката Захариева се преоптимистички и со крајна мера за политички интереси. Вевчани отсекогаш е голем пријател со Бугарија. Ако сме ги навредиле долгогодишните пријатели Бугари, им се извинуваме за ненамерното постапување.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...