7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаТројца доктори и три медицински сестри од Македонија заминуваат за Авганистан намировна...

Тројца доктори и три медицински сестри од Македонија заминуваат за Авганистан намировна мисија..

spot_imgspot_img

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од март до септември годинава и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул.

Тимот од тројца доктори-специјалисти и три медицински сестри утре заминува во Норвешка, на тримесечна обука заедно со норвешките колеги кои ќе бидат дел од истата ротација во Кабул. Оттаму, во март тие ќе заминат во Авганистан, како дел од мисијата. Петмина од нив се од јавното здравство, а една е медицинска сестра од Баталјонот за медицинска поддршка на Армијата.

Претседателот Пендаровски на средбата им посака успех во мисијата и изрази уверување дека нејзината реализација е значаен чекор кон формирањето на хируршки тим којшто ќе биде на располагање на НАТО, обврска којашто Република Северна Македонија како членка на Алијансата треба да ја исполни до 2028 година.

„Со реалицијата на оваа мисија, Република Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност и подготвеност да придонесе за зајакнување на мирот и стабилноста и да одговори на поставените барања и задачи, овој пат како рамноправна членка на НАТО“, рече претседателот Пендаровски.

Тој изрази и очекување дека стекнатите вештини и искуство за време на мисијата ќе придонесат и за развој на здравството во нашата држава.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...