16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаШекеринска: Уште ми е нервозна душата кога видов дека застарело делото за...

Шекеринска: Уште ми е нервозна душата кога видов дека застарело делото за Мијалков.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во синоќешната емисија „Клик Плус“ на ТВ21 за веста дека му застарува едно од делата на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, ја прифатила во шок и неверување. Таа бара реална одговорност за прислушувањето, бидејќи како што вели, се друго ќе биде прифатено со голема резерви.

„Помалку се шокирав и изнервирав кога ја прочитав првата информација. Сите го сметаме тоа како пра-делото. Јас не мислам дека прислушувањето било единствениот грев, но тоа е гревот кој ги создаде другите нивни гревови – бидејќи не преслушуваа сите после извесно време мислеа дека можат се да прават“, ја искоментира веста Шекеринска.

На поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, нема да му се суди за уништувањето на опремата за прислушување, затоа што кривичното дело за кое се гонеше му застари. Судскиот процес „Тврдина-Таргет“, кој се однесува на незаконското прислушување во периодот меѓу 2008 и 2015 година се наближува кон крајот, а поради застарување ќе отпадне едно од кривичните дела на Мијалков. Застарува влијанието на Мијалков за уништувањето на опремата со која се вршело прислушувањето, а носечките кривични дела за нелегално прислушување остануваат. Предметот „Тврдина – Таргет“ го отвори СЈО.


тв21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...