6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаMe нарекуваа дебел зошто бев директор на АЕК, сега не сум директор...

Me нарекуваа дебел зошто бев директор на АЕК, сега не сум директор пак ме викаат дебел, или ме навредуваат со уште погрди зборови.

Објавата на поранешниот директор на АЕК, Роберт Ордановски, на фејсбук, во кој најави дека ќе се раведува при што изнесе голем број „валканици“ од 18-годишниот брак со сопругата Агнеса, со која имаат две ќерки, предизвика лавина коментари во
јавноста.

Има коментари дека дека брачни проблеми не се решаваат на ваков начин, но и отворени навреди на адреса и на двајцата сопружници. Има и такви коишто коментираат дали се тоа било потребно и дали пишувајки ги критиките на адреса на сопругата, која ја нарече форошоп барбика, не помислил на тоа како ќе се чувствуваат нивните деца.

Поранешниот директор на АЕК се разведува: Се надевам ќе си најде солвентен партнер, бидејќи од мене се оладила

 

Како најзасегнат од навредливите коментари, Ордановски, во интервју за „ММС“ вели дека се обидува да ги игнорира навредите на луѓе коишто не знаат каква е неговата состојба и што му се случувало во животот.

Не реагирам на коментарите. Што да правам со нив? „Дебел“, „прасе“ .. Јас сум свесен за својот физички изглед и немам комлекс. Таков сум роден полничок и цел живот сум. Порано мислеа дека сум дебел бидејќи сум директор ама еве сега четири години не сум директор и пак сум полничок. Таква ми е конституцијата, се качувам на Водно и
не јадам, ама… Кој ме сака таков одлично, а на кому му смета мојот физички изглед нека не ме гледа воопшто. Јас сум тој. На 52 години што можам да сменам. Да почнам од почеток, да станам манекен… Лани имав сериозни здравствени проблеми и тој момент ми е малку тажен. Имав висок притисок, имав запушена каротидна артерија и која е предуслов за разни ситуации од кои некои се фатални. За коментарите за неа не сакам да ги читам, некои ја поддржуваат, некои не. До вчера мислев дека имаме идеален брак – вели Орадновски.

Тој вели дека добива и поддршка од некои луѓе, кои му пишуваат и му кажуваат дека и тие се соочуваат со слични проблеми

Јас некако ги иницирав лугето. Сега нон -стоп ми стасуваат коментари, пораки во кои отоврено ми кажуваат за нивните проблеми, ме поддржуваат, ме охрабруваат и јас сум им благодарен. Негативните не ги читам оти се сведуваат на тоа ете се бил директор сега не си, дебел си и тоа е. На тоа не реагирам, не ме тангираат – вели Орадановски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...