13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаУште еден полициски Шериф: Не сака да плати 30 денари патарина па...

Уште еден полициски Шериф: Не сака да плати 30 денари патарина па ваѓа полициска значка, што е спротивно по член 66 !!

Уште едно видео на социјалната мрежа Тик Ток предизвика остри коментари кои не стивнуваат во јавноста.

Имено на видеото, кое корисникот на Тик Ток, самиот си го направил се гледа како маж поминува една од наплатните рампи на патарините на автопатот Гостивар-Скопје без да плати, покажувајќи само легитимација.

Сакајќи да се направи важен, тој само го вжешти гневот во јавноста во Македонија.

Токму во наведениот закон е потенцирано и кои се субјекти се ослободени од плаќање на патарина.

Според членот 66 од плаќање патарина се ослободени возилата со полициска придружба и видливо означените возила на Армијата на Репулбика Македонија, полицијата, Царинската управа, итната медицинска помош, Црвениот крст на Република Македонија, противпожарните служби, Државниот инспекторат за транспорт, Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат“ и погребалните возила. Заедничко за сите наведени е дека истите се ослободени само доколку се на служба.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...