3.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: За разлика од Вевчанскиот карневал собирот на Нижополе беше спонтан.

Спасовски: За разлика од Вевчанскиот карневал собирот на Нижополе беше спонтан.

За министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски големото присуство на граѓани, викендов на скијање во Нижеполе, е спонтано собирање.

– Секаде се постапува, дали е тоа на настани коишто се организираат од страна на организаторите, дали собирање некаде каде што е спонтано. Ова е практично собирање на граѓани коишто спонтано се собираат – вели Спасовски.

Тој вели дека не може да се очекува само МВР да влијае во однос на ваквите настани, туку е важно и како се однесуваме како граѓани.

– Сите активности кои ги преземавме во изминатиот период дадоа резултати. Погледнете ја бројката која ја имаме вчера на заболени на лица кои се оздравени од вирусот. Тоа покажува дека мораме да ја јакнеме пред се јавната свест. Ние сме тука и ќе работиме и секаде имаме непочитување на мерките, полициските овластувања ќе бидат применети, меѓутоа многу треба да се внимава и заеднички да направиме се за да си помогнеме во овој дел. Сега кога веќе сме пред процес на имунизација на населението во којшто очекуваме сите да заврши оваа криза да не направиме некоја лоша услуга на секој од нас и на сите граѓани – порача Спасовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...