10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНова кривична за доктор Aсани од Струга: Поради лекарскa грешка 2-годишната Амила...

Нова кривична за доктор Aсани од Струга: Поради лекарскa грешка 2-годишната Амила има церебрална парализа

2 години по раѓањето малата Амила речи си и да нема излезено од болница. Семејството Несимовски од Дебар тврди дека е жртва на лекарска негрижа на струшкиот гинеколог Мухамед Асани. 5 дена пред Нова година во 2018-та по прегледот кај матичниот гинеколог во Дебар, мајката Сенида била предупредена дека бебето е замотано во својата папочна врвца и дека е потребно итно да биде породена со царски рез во Струга. Татко Бајрам воопшто не губел време и со сопругата веднаш заминал во Струга каде го пречекал докторот Асани.

Само што ја примил за пораѓање, од таткото побарал 100 евра во кеш.

Бајрам добил уверување од доктор Асани дека состојбата е во ред и му рекол дека нема простор за грижи. Цели 8 часа не успеал да добие никаква информација за својата сопруга. Дека работата не е како што треба му станало јасно кога доктор Асани излегол од породилната сала и му ги вратил 100-те евра кои Бајрам му ги дал пред пораѓањето без да му каже ништо. Дека детето ќе има проблеми на Бајрам му навестил предијатарот кој прв го прегледал бебето.

Тука почнуваат проблемите за семејството Несимовски. Малата Амила итно е префрлена на скопските клиники каде што лекарите констатираат страшна дијагноза

Бајрам и неговата сопруга Сенида се убедени дека станува збор за лекарска грешка бидејќи бебето 45 минути било практично задавено со својата папочна врвца бидејќи доктор Асани, наместо да изведе царски рез, чекал мајката да се породи природно.

Бајрам вели, во 4 очи сите лекари му признаваат станува збор за класична лекарска грешка но јавно, никој не сака да зборува против свој колега. Сепак тој не се обесхрабрува

Бајрам е втор родител кој го обвинува директорот на струшката блница Мухамед Асани за лекарска негрижа…

sitel

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...