5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЕкс советникот на Наќе Чулев, за случајот напад на командир заработи условна...

Екс советникот на Наќе Чулев, за случајот напад на командир заработи условна казна…

Екс-советникот на поранешниот технички министер Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓиевски – Чикаш, доби условна казна затвор за нападот на командирот на Единицата за безбедност на сообраќајот во Тетово кој се случи на денот на изборите – 15 јули 2020 година.

Судот денеска му изрекол условна осуда, односно казна затвор од две години, која нема да се изврши ако за пет години не направи ново кривично дело.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, односно специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, кое го водеше случајот, за „360 степени“ велат дека ќе одлучат дали ќе поднесат жалба откако ќе ја добијат пресудата.

„На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје лицето за кое покажувате интерес е огласено за виновно и му е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по добивањето на пресудата ќе се произнесе дали ќе поднесе жалба по истата“,

велат од обвинителството за „360 степени“
Претходно, за нападот на неговиот колега, Ѓорѓиевски доби и отказ од МВР поради насилно и недолично однесување односно спротивно на прописите на Министерството за професионално и етичко однесување.

360 СТЕПЕНИ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...