11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПо објавата во Шило МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како...

По објавата во Шило МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува на незаконско поминување на наплатна рампа, информираат од МВР.

Како што додаваат од таму, на него се гледа како маж покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“, со гостиварска регистарација.

Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него на 18. јануари бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

Воедно од МВР појаснуваат дека М.З. не е вработен во министерството, како што претходно било објавено во дел од медиумите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...