10.8 C
Ohrid
понеделник, мај 10, 2021
Почетна Македонија Директор на ДЗС: Кој нема да се учествува во пописот и не...

Директор на ДЗС: Кој нема да се учествува во пописот и не сака да се попише може да добие и кривична пријава.

Translate (Eng):[gtranslate]

Вечерва при своето гостување во емисијата „Вин Вин” на ТВ Телма, Апостол Симовски, директор на ДЗС кажа дека кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.

„Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава, ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“, нагласи Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика во емисијата „Вин вин“.

Симовски потенцираше дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвop.

РЕКЛАМА

„Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава“, рече Симовски.

- Реклами -