6.1 C
Ohrid
петок, март 5, 2021
Почетна Македонија Засилени контроли, од Водовод апелираат да не се крадат капаците од шахтите...

Засилени контроли, од Водовод апелираат да не се крадат капаците од шахтите…

Translate (Eng):[gtranslate]

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека тендецијата за масовно крадење на капаците на шахтите и решетките од сливниците продолжува и денес.

Од компанијата додаваат дека заради спречување на ваквиот вандализам и санкционирање на сторителите, ќе се засилат контролите на комуналните служби низ општините, но и на откупните центри за старо железо, каде доколку се пронајдат вакви предмети, ќе бидат изречени казни согласно Законот.

„ Во општина Карпош, денес повторно е потврдена кражба на капаци на шахти на следните локации: бул. Партизански одреди, на велосипедската патека кај Поликлиника Букурешт, кај ГУЦ и на бул. 8 Септември. Ваквиот вандализам негативно се одразува и ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот. И овој случај е документиран и пријавен во полициска станица, комуналните служби на Град Скопје и комуналните служби на општината“ соопштија од Водовод.

РЕКЛАМА

Оттаму додаваат деќа ќе бидат поставени нови капаци на посочените локации, но апелираат до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци и решетки од улиците, бидејќи, како што велат, на тој начин не се нанесува само штета на претпријатието туку и се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

- Реклами -