5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЦаровска: Кој тоа кажал дека нема да се изучува македонската историја и...

Царовска: Кој тоа кажал дека нема да се изучува македонската историја и каде го пишува тоа?

Министерката за образование и наука, Мила Царовска во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Сител за нацрт-концептот за основно образование рече дека со наставниците дошле до заклучок дека стравот од реформи мора да се надмине.

-Најлесно е како министер да седите и ништо да не поместите. И сите ќе дојдат и ќе ви речат „Браво“. Зошто? Зашто никого не сте извадиле од комфорната зона. Оваа реформа значи поместување на целиот образовен систем во една сосема поинаква, современа димензија зошто интеграцијата не е непозната за нашиот систем. Околу тоа, можеме сите да се согласиме. Од прво до четврто одделение имаме интеграција на овие предмети, рече Царовска во дневникот на СИТЕЛ

Појаснува дека првачињата уште од следната година ќе учат според новата концепција. Во однос на предметот „Историја“ уверува дека тој ќе се изучува, но интегрирано со други предмети.

-Никаде не пишува дека македонската историја нема да се изучува. Никаде тоа не стои во концепцијата. Вели – да се изучуваат предмети. Македонскот јазик секако е предмет. И „Историја“ останува како модул. Интеграција не значи инфузирање, интеграцијата значи модуларно поставување на секоја научна дисциплина и интеграција врз основа на теми што укажува програмско пристапување кон секое делче кое што го учиме за одредена тема, рече Царовска, додавајќи дека притоа секој ученик ќе добие оценка и по „Географија“, и по „Историја“ и по „Граѓанско образование“.

СИТЕЛ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...