7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСметководител украл околу 177 илјади евра од нотарката за која работел во...

Сметководител украл околу 177 илјади евра од нотарката за која работел во Скопје

spot_imgspot_img

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвининение против сметководител поради проневера во служба на  10.913.195 денари (околу 177 илајди евра). Обвинетиот неовластено пополнувајќи и имитирајќи го потписот на оштетената нотарка потпишал 211 налози за пренос на парични средства. Парите ги префрлал од сметката на нотарката на сметка на својата сопруга.

– По спроведување на истражната постапка, обвинителството утврди дека обвинетиот водејќи сметководство на нотарска канцеларија во Скопје, во периодот од 28 април 2016 година до 28 ноември 2019 година, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари, информираат од ЈО Скопје.

Од Обвинителството објаснуваат дека обвинетиот средствата ги префрлал од оперативни сметки на нотарот од повеќе различни банки на банкарска сметка која нотарката ја имала во една банка, во која и сопругата на обвинетиот имала сметка.

– Потоа обвинетиот ги префрлил паричните средства од сметката на нотарката на банкарската сметка на неговата сопруга, од каде како овластен потписник ги подигнал во готово паричните средства, информираат од ЈО Скопје.

Извор Сител Телевизија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...