8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗдружението „Храбро Срце“ продолжува со своите активности за подигнување на свеста за...

Здружението „Храбро Срце“ продолжува со своите активности за подигнување на свеста за донирање органи

spot_imgspot_img

Вие како здружение што имате реализирано досега? До каде сте со активностите?

Реализирани се бројни гостувања на наши членови на телевизиите од национален, како и од локален карактер. Целта на овие гостувања беше промовирање на кампањата во нашата држава, информирање на пошироката јавност за тоа до каде сме со реализацијата на барањата кои се доставени до ФЗО за бесплатни контролни прегледи на пациентите, до каде е процесот за едукација на трансплантацискиот тим за експлантирање на вградените дивајси и сл.

Во градовите низ нашата земја беа дистрибуирани пишани материјали (флаери,брошури) со цел секој граѓанин да се запознае со нашата рабата, а со тоа и да почне да размислува за можноста за дарување органи.

Успешноста на нашата кампања се гледа и од таму што имавме бројни мејлови со многу прашања на кои нашите членови даваа одговори. Најмногу прашања беа поставувни за тоа на кој начин можат да се донираат органи за време на животот.

Кои се вашите следни активности?

Како главна активност која е предвидена во Програмата за 2021 година е тоа што имаме ставено посебен акцент на едукација на трансплантацискиот тим за експлантирање (отстранување) на веќепоставениот дивајс (пумпа) бидејќи тој оперативен зафат во просек трае од 5 до 6 часа, а потоа следува трансплантација на срце. Важно е да споменеме дека што подолго се носи пумпата, таа повеќе сраснува со ткивата и е потешко да се отстрани. Тоа е специфична процедура која досега во нашата држава ниту еднаш не е извршена. Оттука сметаме дека е многу важен одговорот од надлежните за ова прашање бидејќи тоа неколкупати беше спомнато од страна на надлежните дека е предвидено да се изврши обука на докторите.

Откога ќе се намали или смири пандемијата со Корона 19 вирусот, а во зависност и од моменталната здравствена состојба во нашата држава, ќе започне втората фаза од кампањата. Истата ќе почне на 22.02.2021 год. а ќе заврши на 22.05.2021 год.

Потоа, интензивна комуникација со ФЗО за барањата кои се доставени, дел од нив се прифатени од страна на Фондот за што сме бескрајно благодарни, но сè уште не е почнато да се спроведува.

Понатаму, очекуваме повик од нашите болнички координатори за термин кој треба да го даде Министерството за здравство за испитување на антитела на сите пациенти кои се на листата за трансплантација. Да нагласиме дека прв пат се направија тие HLA испитувања на 28.5.2020 година, но тие испитувања се прават на секои четири месеци, а не еднаш во годината. Тие се важни за компатибилноста на потенцијалниот орган со потенцијалниот примател, но покрај тие испитувања важни се и многу други параметри на компатибилност (крвна група, приближна возраст, приближна тежина и висина и сл.) со цел што е можно донорското срце повеќе да одговара на потенцијалниот примател.

Покрај погореспоменатотот ги изделуваме и следните предвидени активности:

Ќе се продолжи со емитување на видео спотови во кои со свои изјави за поддршка на нашата кампања учествуваат голем број истакнати и афирмирани здравствени работници, уметници, глумци, пејачи, спортисти, музичари, како и разни поддржувачи на нашето Здружение од земјата и од странство.
Ќе се организираат средби со граѓани и со здравствените работници по градовите од нашата земја на кои би се дискутирала потребата од органодарителството и би се делеле пишани материјали (флаери,брошури).
Ќе иницираме до Министерот за здравство формирање на Центар за психолошка поддршка на пациентите потенцијални приматели на орган, потенцијалните живи дарители на орган, семејствата на потенцијалните кадаверични дарители на орган, како и за трансплантираните пациенти, кој Центар би функционирал во рамките на Министерството за здравство.
Почитувајќи го интересот на нашите сограѓани за можноста да ги донираат своите органи за време на животот, а знаејќи дека во овој момент Законот за трансплантација на органи и ткива не ја овозможува реализацијата на оваа желба, во соработка со Националните институции ќе го иницираме почетокот за измени и дополненија на Законот за трансплантација на органи, како би можеле овие желби да се претворат во реалност.
Согласно почетокот на иницијативата за измени и дополненија на Законот за трансплантација на органи, ќе бараме и воведување на донорски картички во нашата држава, по пример на околните држави.
Ќе ги интензивираме нашите комуникации со Министерството за Здравство, ФЗОМ, МТСП, ПИОМ, јавните и приватните болници, за да се овозможи подобар и подостоинствен живот на сите пациенти со механичка потпора на работата на срцето како и на сите пациенти кои се наогаат на Националната листа за трансплантација на срце. – велат од Здружението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...