8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПридавката „македонски“ не се заменува со уставното име, има и напредок во...

Придавката „македонски“ не се заменува со уставното име, има и напредок во преговорите, тврди македонскиот тим во заедничката комисија со Бугарија

Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката „македонски“ ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, велат од македонскиот тим во комисијата
Македонскиот тим во заедничката комисија со Бугарија за историски и образовни прашања тврди дека на вчерашниот онлајн состанок не било договорено во записниците од средбите придавката „македонски“ да се замени со уставното име Република Северна Македонија, а да се користи само во цитатите од членовите на комисијата.

Ваквите тврдења на македонската страна ги пренесува државната агенција МИА откако дел од медиумите објавија дека тоа е еден од исходите по вчерашниот состанок.

„Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба. Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката ’македонски‘ се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката ’македонски‘ ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата“,

наведува македонскиот тим од комисијата, пренесува МИА.
Од нивна страна се потенцира и дека на вчерашната средба е постигнато техничко решение со кое одредени проблеми биле надминати, при што секоја страна останала на своите ставови и позиции во контекст на проблематичните прашања во содржината на записниците.

Како што беше соопштено и вчера, на онлајн средбата на која учествувале по тројца претставници од двете страни, бил усогласен записник од 9. состанок на комисијата, а се надминале и неколку прашања од записникот за 10. состанок. Ваквиот исход беше оценет како напредок.

Вчерашните оценки за напредок следуваа откако во последниот период искрснаа несогласувања меѓу македонските и бугарските историчари во врска со употребата на придавката „македонски“ во записниците од состаноците. Од тие причини, по состанокот кој комисијата го одржа на 4 декември лани (11. по ред), копретседателите од двете страни Драган Ѓоргиев и Ангел Димитров соопштија дека средбата завршила без никаков напредок.

Наредниот редовен состанок треба да се одржи на 25 и 26 февруари, а до тогаш се очекува двете страни да продолжат со работа во однос на останатите прашања од записникот од 10. и од 11. средба.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...