9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЧетири родилки од Дебар тврдат дека Д-р Асани ги прегледувал во домашната...

Четири родилки од Дебар тврдат дека Д-р Асани ги прегледувал во домашната ординација, која работела на црно…

Четири родилки од Дебар заедно со нивните сопрузи, на нотар дале изјави дека во приватната ординација на директорот на струшката болница и гинеколог, доктор Мухамед Асани, им била следена бременоста во различни периоди од минатото, дознава „Слободен печат“.

Нотарските изјави кои што ги добивме и во нашата редакција на „Слободен печат“., се дадени да послужат пред истражните органи, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат минатата недела влезе во куќата на докторот каде што пронајде комплетно опремена гинеколошка ординација без документи, за која што доктор Асани тврдел дека ја поседува, но во неа не прегледува. Бидејќи не биле затечени пациенти ниту медицински кадар вработен во оваа ординација, ДСЗИ не може да потврди дека во оваа ординација лекарот прегледувал и лечел. Меѓутоа, нотарските изјави фрлаат ново светло на целата ситуација. Една од нив се однесува и на период пред седум години, односно следена бременост во ординацијата според изјавата била во 2012/2013 година.

Извор: „Слободен печат“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...