11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Пласница хумани соселани изградија две нови куќи за сиромашни комшии

Во Пласница хумани соселани изградија две нови куќи за сиромашни комшии

 

Семејствата на Раим Насуфоски и на Муамер Горалија од селото Пласница, деновиве се вселија во новоизградените куќи што се подарок од хуманите гастарбајтери од ова село. Тие издвоија повеќе од 40.000 евра за да им обезбедат покрив над главата на своите посиромашни соселани. Двете семејства велат дека ќе го паметат овој јануари додека се живи, бидејќи ветената помош од страна на соселаните и Општина Пласница во целост е исполнета.

Инаку, иницијатива за изградба на овие куќи на двајцата соселани произлезе од Советот на Општина Пласница, која беше едногласно прифатена од страна на советниците, по што акцијата започна. Локалната самоуправа обезбеди парцели за изградба на овие куќи, а изградбата во целост ја финансираа печалбарите од ова село.

По само шест месеци, новите куќи беа целосно подготвени да ги примат нивните идни станари и сопственици.

– По наша иницијатива, на две семејства од селото Пласница со нерешено станбено прашање им се изградени целосно нови домови. Едното семејство е тричлено, а другото е петчлено. Тие повеќе нема да мораат да се грижат дали нивниот дом прокиснува или дали покривот ќе им се сруши над главата. Гастарбајтерите од нашето село едногласно се договорија да издвојат дел од својата заработувачка и на тој начин на своите соселани трајно да им обезбедат квалитетен дом. Домовите се опремени и со нов мебел, бела техника и сѐ што му е неопходно на едно семејство за нормална живејачка. Оваа практика за помош на посиромашните семејства од нашата општина ќе продолжи и понатаму – рече Елсан Нурчески, советник во Општина Пласница.

На сопствениците на домовите ова им е остварување на сонот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...