1.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаШекеринска: За да го решиме спорот со Бугарија потребно е само да...

Шекеринска: За да го решиме спорот со Бугарија потребно е само да се има желба..

Ние во државата, не само во Владата, имаме желба проблемот со Бугарија да се реши и ако половина од нашата желба ја има и бугарската страна, спорот ќе го решиме, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Во однос на изјавите на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов, Шекеринска во гостувањето на телевизија Сител, рече дека е горда и сигурна во себе и својот македонски идентитет и нема што да дискутира со Каракачанов за тоа, нагласувајќи дека е наше право и дека премногу внимание околу тие игри, не е во наша полза.

„Понекогаш чинам дека премногу внимание посветуваме на изјавите, кои се дел од бугарскиот предизборен фолклор и тие најверојатно ќе бидат тука и за време на изборите, а може и по изборите. Но едно останува, или ќе се однесуваме европски, македонски, бугарски или ќе продолжат таквите политички навики да ни го трошат времето“,

изјави Шекеринска.
Прашана дали има проблеми во однос на македонскиот јазик во рамки на НАТО, Шекеринска рече дека со членството во НАТО, сме еднакви со сите.

„Ако отворите на страницата на НАТО ќе видите дека сите информации што се однесуваат на НАТО Алијансата се достапни и на македонски јазик, како што се достапни и на бугарски јазик и на англиски јазик и на француски јазик. Тоа е членството, еден си од еднаквите“,

изјави Шекеринска.

360

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...