10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколовски: Денес директорот на струшката болница Асани, го повикавме да дојде во...

Николовски: Денес директорот на струшката болница Асани, го повикавме да дојде во Влада

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција, на денешната прес-конференција рече дека Мухамед Асани, директорот на болницата во Струга, е повикан во Владата да реферира по откривањето дека има ординација која работи на диво.

Вицепремиерот рече дека во меѓувреме е поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Инаку, случајот со д-р Асани излезе на виделина откако жена од Дебар обвини за несовесно породување при што и се отстранети неколку органи.

– Поднесена е иницијатива до ОЈО од страна на инспекторатот. Тимовите ги разгледаа сите прозивки и информации кои беа доставени до мене. Направен е надзорот и констатирана е дивата ординација. Веќе ги имаме нотарските изјави дека се вршени прегледи после 15.00 часот, рече Николовски.

Сепак, вицепремиерот не беше конкретен дали Асани ќе добие отказ како директор на болницата.

– Се очекува стручниот надзор од Министерството за здравство да заврши за да можеме до крај да расчистиме, рече тој.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...