14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Започнува постапката за набавка на 200 илјади кинески вакцини

Филипче: Започнува постапката за набавка на 200 илјади кинески вакцини

Министерството за здравство доби задолжение да ја спроведе постапката за набавка на 200 илјади дози од кинеските вакцини против ковид-19, согласно со член 55 став (1) точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас.

Оваа одлука е донесена на вечерашната владина седница на која е одлучено да се направи набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против ковид-19.

„Станува збор за нова набавка на дополнителни количини, покрај оние од КОВАКС-механизмот од 833 000 дози на вакцина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот и ја обезбеди финансиската гаранција, со што ги исполни финансиските обврски што произлегуваа по основ на склучениот Договор“,

информираат од владината прес-служба.
Според најавите, првите количини од КОВАКС-механизмот се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари.

Како што информираат од Владата, во завршна фаза се и директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800 000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци, од кои, првите во февруари.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...