13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаШекеринска: Војник со навршени 45 години ќе може да добие отпремнина и...

Шекеринска: Војник со навршени 45 години ќе може да добие отпремнина и до 25.000 евра

Професионалните војници со навршени 45 години отсега ќе имаат можност да си заминат од армијата со финансиска отпремнина, која ќе изнесува илјада евра по година стаж во службата, доколку се одлучат понатаму да не бидат распределни на други работни места во државата.

„Ден за убава вест за војниците кои ќе навршат 45 години возраст. Нудиме можност, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, да изберат отпремнина од 1000 евра за секоја година помината во Армијата. Доколку работеле 25 години, тоа се 25 000 евра за нов почеток. Благодарност до Синдикатот – заеднички го решивме прашањето на уште една категорија војници во Армијата“, објаво Радмила Шекеринска, министерката за одбрана.

Овој договор со репрезентативниот синдикат таа го опиша како „шанса за нов почеток“. Сега преостанува Собранието да ги донесе законските измени.

Досега професионалните војници со навршени 45 години имаа единствена можност да продолжат да работат во државните или органите на јавната власт, но немаа можност за отпремнина доколку тоа не го прифатат.

фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....