11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВасилевска: Во „Јавна соба“ имало и полицајци, а власта ги крие

Василевска: Во „Јавна соба“ имало и полицајци, а власта ги крие

 

Доколку овој случај не добие завршница каква што сите очекуваат, тогаш ова насилство може повторно да роди ново насилство – заврши Василевска.

Во вечерашната дебатна емисија „Клик плус” на ТВ21 гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, која се осврна на актуелните политички случувања, пописот кој најверојатно ќе се спроведе во државата, како и моменталната ситуација во однос на затворената група на комуникациската апликација Телеграм.

Василевска беше децидна во ставот дека сите кои биле инволвирани во процесот на формирање на групата и инвитацијата на членови во истата, треба да бидат драконски санкционирани и спроведени пред лицето на правдата. Според неа, таквиот чин не само што ги девалвира, понижува и повредува припадничките на понежниот пол, туку и укажува на уште една посериозна појава, односно дијагноза кај луѓето кои долги години се исмејувале со фотографии од млади девојки од државата.

– Симптоматично е што овој скандал се појави по втор пат, а овој пат се случи во моментите кога Собранието на Република Македонија го донесе законот против насилство врз жената. Донесувањето на овој закон покажа дека сите пратеници од Собранието се зрели и хомогени по ова прашање, односно дека стојат зад ставот секоја жена да има заштита каква што заслужува. Токму поради тоа во овој момент, повторно мораме да покажеме и пред себе и пред јавноста дека државата е спремна да застане во одбрана на секоја жена или девојка која би наишла на ваква или слична ситуација – додаде Василевска.

Во овие моменти владее недоверба во институциите, поточно од Министерството за внатрешни работи, посочи таа, поради тоа што се дозна дека во истата група на апликацијата Телеграм имало и припадници на МВР, односно лица кои и во претходната афера биле инволвирани, а сега самата институција не ги санкционира.

– МВР не смее да користи паушални изговори за да ги тргне рацете од случајот, туку напротив мора да реагира професионално и случајот да се расчисти. Доколку овој случај не добие завршница каква што сите очекуваат, тогаш ова насилство може повторно да роди ново насилство – заврши Василевска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...