14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР УАПСИ 4 ЛИЦА НА ЈАВНА СОБА, НО АДМИНИСТРАТОРОТ НАПРАВИ НОВА ГРУПА...

МВР УАПСИ 4 ЛИЦА НА ЈАВНА СОБА, НО АДМИНИСТРАТОРОТ НАПРАВИ НОВА ГРУПА…

Администраторите на „Јавна соба“ отворија нова група по денешните апсења на вкупно 4 лица, две од Битола, еден од Велес и еден од Штип, кои се директни учесници во групата Јавна соба на платформата Телеграм
Се работи на откривање и на тој кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови.

Кусо време откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски јави за апсењата, групата почна да се полни со една иста порака во која стои известување дека е направена нова група, а администраторот повикува да му пишуваат во приватна порака за да им ја испрати.

Министерот Спасовски пред еден час извести дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“, а по него премиерот Зоран Заев, исто така преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и дека ќе инсистираат на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...