13.8 C
Ohrid
сабота, мај 31, 2025
ПочетнаСветЗахариева се налути : Српски јазик во училиштата и српски културен центар...

Захариева се налути : Српски јазик во училиштата и српски културен центар во Скопје е нова провокација кон Бугарија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија покажува дека не се раскинати врските со Србија и Русија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

<

Во гостување на националната телевизија БНТ Захариева вели дека „за жал, не е изненадена од тоа“.

„Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање, како и за темата за односите со Бугарија. Тие се исклучително блиски со Белград“, изјави Захариева.

За отворањето српски културен центар таа не сака да коментира, бидејќи како што вели, РСМ е суверена држава и може да си одлучува сама, но тоа го смета за провокација против Бугарија, а „ваквите постапки се доказ за приближувањето кон Србија“.

Овој коментар на Захариева следува по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека наставата по српски јазик ќе биде вратена во основните училишта во РС Македонија.

Захариева одговори и на обвинувањата дека во Македонија се запираат возила со бугарски таблици и рече дека не можат да реагираат ако се работи за нерегистрирани возила, но ако има луѓе кои почувствувале дека се репресирани заради двојното државјанство ги повика да реагираат во Софија.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...