13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицајка од ЕСЗ „Тигар“ откако станала мајка добила решение за службеничка

Полицајка од ЕСЗ „Тигар“ откако станала мајка добила решение за службеничка

Народниот правобранител утврди потежок вид на продолжена дискриминација од страна на Министерството за внатрешни работи врз полициска службеничка по основ на пол и род. Хелсиншкиот комитет за човекови права во септември 2020 година поднесе претставка до Народниот правобранител поради дискриминација врз основа на пол и род врз полициска службеничка вработена во Единицијата за специјални задачи во Министерството за внатрешни работи.

Полициската службеничка, вработена во Министерството во 2013 година, се соочува со дискриминација на работното место поради неможност да напредува во кариерата ниту професионално и стручно да се обучува во работата.

Таа за време на нејзиното породилно отсуство, била со усна наредба распределена да работи канцелариска работа. По завршување на отсуството таа намерно била оставена да продолжи со работа во канцеларија како административен службеник, без да се води сметка за нејзиното барање да биде вратена во Единицата за специјални задачи, да продолжи со градење на нејзината кариера и да присуствува на предвидените тренинзи и обуки.

Образложението на Министерството за внатрешни работи е дека тоа било сторено за нејзина заштита како жена и мајка.

Понатаму, Министерството во својот одговор го известиле Народниот правобранител дека полициската службеничка, од 18 јуни 2016 година до 13 април 2017 година и од 12 ноември 2018 година до 08 август 2019 година, користела породилно отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство и во тој период таа не можела да биде унапредена. Меѓудругото, таа во временскиот период од 16 март 2020 година до 26 март 2020 година и од 04 август 2020 година па се до средината на септември ги користела мерките предвидени со одлука на Владата за заштита и превенција од ковид -19 како мајка на деца до 10 годишна возраст. Со други зборови, таа за време на целокупниот нејзин работен стаж во Министерството не била во можност во целост да ги развие и унапреди своите професионални квалитети и работни способности.

Прочитајте ја целосната статија во мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...