14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Пановски: Внимавајте британскиот сој на коронавиус е поопасен, 10 болни од...

Д-р Пановски: Внимавајте британскиот сој на коронавиус е поопасен, 10 болни од ковид-19 ќе заразат 15, да се почитуваат мерките

Постојат научни докази кои потврдуваат дека пренесувањето на британскиот сој на ковид-19 се шири многу побрзо, посочува микробиологот Никола Пановски во изјава за „Алсат“ и апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита за да не дојде до нов раст на бројот на заболени.

 

Тоа значи дека ако имаме 10 луѓе тие ќе заразат 15. А, досега би заразиле 10. Тоа е огромна бројка. Масовните групирања би придонеле овој вирус кој побрзо се шири, полесно се лепи за нашиот нос, за слузницата на носот, би направиле нов пик, нови хоспитализации и нови смртни случаи. Значи, никако групирања, особено во затворен простор, бидејќи тогаш ширењето е поголемо и би било поголемо од што беше во ноември, вели Пановски.

Тој посочува дека за новиот сој на вирусот има податоци дека делумно покажува и поразлична клиничка слика.

Недостасува симптомот губиток на вкус и мирис што го имаше кај претходниот. Значи, има некои податоци за различна клиничка слика, смртноста или е малку поголема или не. Иако, тој не е посмртоносен индивидуално, смртноста ја гледаме на голема група пациенти, ќе се зголеми и смртноста. Што повеќе болни, повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи, вели тој.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...